Свет Свет Бомбаш самоубиец усмрти 60 лица во Хила

Бомбаш самоубиец усмрти 60 лица во Хила

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот на бомбаш самоубиец врз полициски контролен пункт во градот Хила, јужно од Багдад, каде што се загинати повеќе од 60, а ранети преку 70 лица.

Џихадистите ја презеле одговорноста за нападот преку интернет-страницата на новинската агенција „Амак“, која ја поддржува Исламска држава.

Фалах ел Ради, официјално лице од ирачките безбедносни служби, изјавил дека станува збор за најголемиот бомбашки напад во провинцијата Хила.

Во Ирак во последниот месец е забележано зголемување на насилството и во самоубиствени напади во Багдад во неговата околина се убиени повеќе од 100 лица.