Свет Свет Бомбаш-самоубиец уби 21 лице во Нигерија

Бомбаш-самоубиец уби 21 лице во Нигерија

Бомбаш-самоубиец уби најмалку 21 лицe, во напад врз поворка на шиитски муслимани во државата Кано во Нигерија, пренесува Би-Би-Си.

Очевидци, за овој медиум велат дека нападот се случил кратко по апсењето на лице кое поседувало бомба.

– Загинаа 21 лице, а неколкумина беа повредени,“ изјави Мухамед Тури од Исламското движење на Нигерија

Експлозијата се случила во селото Дакасој, околу 20 километри јужно од главниот град Кано.