Подглавна секција Бомбардирање во Иран на годишнината на смртта на генералот Солеимани, најмалку 50...

Бомбардирање во Иран на годишнината на смртта на генералот Солеимани, најмалку 50 загинати

Според националната иранска телевизија, две бомби експлодирале во толпата луѓе која присуствувалe на церемонијата за четвртата годишнина oд убиството на иранскиот генерал Касем Солеимани

Фото: Wikimedia commons/Sayyed Shahab-o-din Vajedi

Бомбардирање во кое загинаа најмалку 50 лица се случи денеска во Иран, на одбележувањето на годишнината од смртта на генералот Касем Солеимани.

Била таргетирана толпата луѓе која ја посетувала церемонијата за четвртата годишнина на смртта на иранскиот генерал, кој беше убиен од американски сили за време на мандатот на Доналд Трамп.

Според националната иранска телевизија, две бомби експлодирале во толпата луѓе кои присуствувале на церемонијата за четвртата годишнина од убиството на иранскиот генерал Касем Солеимани. Има најмалку 50 загинати и 60 повредени. Засега е нејасно кој стои зад бомбардирањето, известува Би-би-си.

Генералот бил убиен од америкaнски сили за време на мандатот на Доналд Трамп.

Солеимани се сметал за најмоќниот човек во Иран под Ајатолахот. Тој бил одговорен за надворешната политика на Иран, вклучувајќи го координирањето и финансирањето на исламистички групи во други држави како Хамас и Хезболах. Тој бил назначен како терорист во САД и му било забрането влез во Европската Унија.