Свет Бомбардирана куќата на ал Багдади

Бомбардирана куќата на ал Багдади

Ирачките воздушни сили извеле напад на куќата за која се претпоставува дека била скривалиште на лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади.

Според светските медиуми, во таа куќа шефот на џихадистичката организација одржувал состаноци со командантите на паравоените формации.

Ирачките власти не дадоа повеќе информации за нападот, освен дека авионите погодиле куќа во западен Ирак и дека при тоа загинале 13 високо позиционирани џихадисти.
Во извештајот не се спомнува името на лидерот на Исламска држава.

Багдади наводно неколку пати беше тешко ранет, а неговата последна порака во јавноста беше упатена во ноември минатата година, кога ги повика џихадистите да го одбранат Мосул, последното големо упориште на ИД во Ирак.