Свет Балкан Бомба во Основниот суд во Подгорица – загина мажот што ја активирал

Бомба во Основниот суд во Подгорица – загина мажот што ја активирал

Бомбата ја активирал извесен Младен Булатовиќ, 40-годишен жител на Подгорица. Тој загинал, а седум лица се повредени, јави Радиотелевизија Црна Гора

Фото: Исечок од видео на Радиотелевизија Црна Гора.

Во Основниот суд во Подгорица, главниот град на Црна Гора, денеска се случи тежок инцидент, во кој извесен 40-годишен Младен Булатовиќ, жител на Подгорица, активирал бомба. Тој загинал, а седум лица се повредени, јави Радиотелевизија Црна Гора.

Инцидентот се случил во 11:35 часот. Бомбата била активирана во просторот меѓу двете врати во првиот влез во судот. Мотивите на Булатовиќ се засега непознати.

Повредените се згрижени во Клиничкиот центар. Меѓу нив има еден адвокат и двајца вработени во судот.