Македонија Болницата во Струмица ќе биде приклучена на градскиот гасовод

Болницата во Струмица ќе биде приклучена на градскиот гасовод

Владата на 153. седница одобри 5 милиони денари (81.300 евра) од буџетот, за болницата во Струмица да се приклучи на градскиот гасовод.

„Донесена е одлука за одобрување средства од буџетот за 2019 година во износ од 5.000.000 денари, за спроведување на мерки за намалување на аерозагадувањето и намалување на високите концентрации на ПМ10 и ПМ2.5 честички во Општина Струмица, кои ќе бидат наменети и за приклучување на Јавната здравствена установа Општа Болница Струмица на градскиот гасовод. Со оваа интервенција ќе се намали аерозагадувањето во градот, бидејќи болницата сега се загрева со нафта, со што ќе бидат остварени дополнителни заштеди откако нафтата ќе биде заменета со поевтино и еколошко гориво“, информираа од Влада.