Свет Свет Боко харам објави видеоснимки од сурови казнувања

Боко харам објави видеоснимки од сурови казнувања

Екстремистичката организација Боко харам објави видеозапис на кој прикажува две отсечени десни раце на мажи, кои на тој начин се казнети поради крадење пари.

На видеоснимката објавена на социјалните мрежи се гледа како локалното население е насобрано околу вооружените борци, од кои еден објаснува дека тие се соочуваат со „пропишаната божја казна“.

Првата ампутација на раката не е прикажана на снимката.

Боко харам се обидува да наметне строг исламски закон во Нигерија, како и во делови од Чад, Нигер и од Камерун, каде припадниците на организацијата убија стотина лица.