Свет Боко харам искористи дете за самоубиствен напад

Боко харам искористи дете за самоубиствен напад

Девојче, за кое се верува дека не е постаро од осум години, почина откако било принудено да изврши самоубиствен напад во Нигерија.

Во експлозијата загинаа уште седум лица, а 19 се повредени. Нападот се случи на пазар во градот Потискум, на североистокот на земјата.

Бомбата била детонирана додека девојчето со експлозивната направа стоело во близина на контролата на влезот на пазарот.

Иако досега никој не ја презел одговорноста, се верува дека нападот е поврзан со џихадистичката група Боко харам, која, наводно, користи деца за самоубиствени напади во Нигерија.