Македонија Богданка Кузеска од СДСМ: Изборите беа фер, слободни и демократски

Богданка Кузеска од СДСМ: Изборите беа фер, слободни и демократски

Локални избори 2021, Скопје, 31.10.2021 | Фото: Мета.мк

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на вечерашнава прес-конференција рече дека денеска се одржале фер, слободни и демократски избори. Огромно мнозинство од граѓаните излегле на гласање, изјави таа.

Кузеска изјави дека денеска победила демократијата и слободната волја на граѓаните и покрај обидите за компромитирање на изборниот процес. Таквите режимски методи биле откриени и по нив постапуваат, и тоа во општините Ѓорче Петров, Кочани и Македонска Каменица.

Портпаролката на СДСМ рече дека граѓаните на слободни и демократски избори го дадоа својот глас, гласаа слободно и гласачката волја ќе биде испочитувана.

Таа не излезе со конкретни изборни резултати, напоменувајќи дека во текот на вечерта ќе излезат со прес-конференција, на која што ќе имале првични резултати од гласањето. Кузеска рече дека во моментов пристигнуваат резултатите, а конечните резултати ќе се знаат подоцна.