Свет Балкан Блумберг Медија создава голема медиумска мрежа за деловни информации на Балканот

Блумберг Медија создава голема медиумска мрежа за деловни информации на Балканот

Студио на телевизијата Блумберг. Фото: Блумберг Адриа

Блумберг Медија (Bloomberg Media) и МТел Свис (MTel Swiss) – радиодифузер во мнозинска сопственост на Телеком Србија, денеска го објавија договорот за создавање на првата регионална мулти-платформска мрежа за деловни информации во Југоисточна Европа, со центри во Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија.

Почнувајќи од 2022 година, Блумберг Адрија ќе понуди деловни и финансиски вести, анализи и податоци преку телевизија, печат, дигитални канали, мобилни и социјални мрежи.

Блумберг Адрија ќе се потпира на 2.700 новинари и аналитичари на Bloomberg News во 120 земји, комбинирајќи го локалното известување со широкото покривање на светските пазари и економијата. Таа ќе вклучува преведена содржина од Bloomberg News, како и оригинално известување од наменски уреднички центри во Белград, Загреб, Љубљана, Сараево и Скопје.