Македонија Блокада на граничниот премин Ники – Меџитлија

Блокада на граничниот премин Ники – Меџитлија

Сообраќајот за влез и за излез од Грција на граничниот премин Ники -Меџитлија е целосно прекинат на неодредено време, соопшти Автомото-сојузот на Македонија.

Прекинот настанал во 12 часот поради штрајк на грчките земјоделци, кои во близина на преминот го блокирале патот со земјоделски машини.