Македонија Блинкен со честитка по повод 33 години независност и изборот на првата...

Блинкен со честитка по повод 33 години независност и изборот на првата жена претседател

„Во име на Соединетите Американски држави, му честитам на народот на Северна Македонија за 33 години независност и историскиот избор на првата жена претседател во мај“, напиша Блинкен

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен | Фото: Стејт департмент на САД, јавен домејн, Викимедија комонс

Со честитка по повод 33 години независност и историскиот избор на првата жена претседател, Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен му се обрати на македонскиот народ преку соопштение.

„Во име на Соединетите Американски држави, му честитам на народот на Северна Македонија за 33 години независност и историскиот избор на првата жена претседател во мај“, напиша Блинкен додавајќи дека САД го ценат силното партнерство со Северна Македонија фокусирано на градење на просперитетна демократија закотвена во евроатлантската заедница.

„Американскиот народ и народот на Северна Македонија споделуваат посветеност на демократските вредности. Со нетрпение очекуваме да ја продолжиме нашата заедничка работа за промовирање на тие вредности, зајакнување на безбедноста и стабилноста и продлабочување на економските врски во регионот. САД ќе продолжат да го поддржуваат нашиот сојузник, Северна Македонија на нејзиниот европски пат во годините што следат“, се вели во честитката од Блинкен.