Свет Европа „Блик“: Путин и Кабајева очекуваат син

„Блик“: Путин и Кабајева очекуваат син

Претседателот Владимир Путин се повлекол од јавноста затоа што очекува син, пренесува швајцарскиот таблоид „Блик“.

Таблоидот пишува дека љубовницата на Путин, Алина Кабајева, се пријавила во клиниката „Сант Ана“ во Соренж и наводно се очекува да се породи. Весникот, повикувајќи се на очевидци, пишува дека Кабајева била во друштво на Путин.

Рускиот претседател и Кабајева досега никогаш не се видени во јавност, а нивната врска е јавна тајна. Русите тврдат дека е невозможно да се провери вистинитоста на швајцарскиот таблоид.