Економија Бизнисмените ја поддржуваат работата на СЈО

Бизнисмените ја поддржуваат работата на СЈО

Немаме поплаки од наши членови дека биле прислушувани и дека тоа на некој начин им се одразило врз бизнисот, одговори претседателот на Стопанска комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), Неби Хоџа, на новинарско прашање во врска со последниот случај „Таргет“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство, а се однесува на незаконското прислушување политичари, бизнисмени и граѓани.

– Немаме информации во тој дел, односно никој од нашите членови во комората не се пожалил на такво нешто. Но, ја поддржуваме работата на СЈО поради сите проблеми во однос на регулативата и сите компании кои нерегуларно работеле треба да одговараат – истакна Хоџа.