Дописници Битолчани го слават повлекувањето на аболицијата

Битолчани го слават повлекувањето на аболицијата

Неколку стотици битолчани вечерава повторно излегоа на улица, но овојпат со славење за целосното повлекување на аболицијата. На протестот демонстрантите скандираа „Затвор не ти бега Никола“.

– Денеска победата дојде бидејќи Иванов ја повлече аболицијата. Сите ќе си лежат. Ќе ја продолжиме нашата револуција против ненародната власт сè до слобода. Сите одлуки што ги донесоа ги поништија. Оваа пролет е најубавата во последните десет години, пролет во сите бои, со сите бои, шарена, затоа што сите сме различни, по вера, по нација, по политичко убедување, но сите сме исти по борбата за демократија и за правда. Оваа битика е наша битика и ќе ја добиеме – рекоа демонстрантите на „Шарената револуција“ во Битола.

Битолчани вечерва јасно и транспарентно се спротивставија на снимањето од полицијта, мавтајќи и засенувајќи го објективот на полициската камера, која беше во рацете на еден од службениците на МВР пред зградата на битолкиот суд.