Македонија Битолчанец заврши во притвор: Пукал во куче па погодил такси возило

Битолчанец заврши во притвор: Пукал во куче па погодил такси возило

Во неговиот дом и други простории пронајдени се и одземени една малокалибарска пушка и 9 куршуми

Фото: Мета.мк

Битолчанец во населбата Горно Оризари, стрелајќи во куче со пушка  погодил и оштетил такси возило, кое било паркирано додека такситот чекал патници.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), вчера таксистот слушнал истрел, а потоа видел дека куршумот завршил во неговиот автомобил, а тој за среќа минал без повреди. Случајот го пријавил во полиција.

„По извршените оперативни проверки, криминалистичката полиција го лишила од слобода М.Н., кој го признал кривичното дело, а во службениот разговор изјавил дека пукал во куче. Во неговиот дом и други простории пронајдени се и одземени една малокалибарска пушка и 9 куршуми. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, потврди полицијата.

Лида: Изработив скулптура од кучето Медена оти сме слични – одбиваме тешкотиите да нè огорчат