Економија Битиќи: Повеќе од 400 илјади граѓани ќе бидат опфатени со антикризните мерки

Битиќи: Повеќе од 400 илјади граѓани ќе бидат опфатени со антикризните мерки

Предвидено е одреден надомест во наредните неколку месеци да добиваат пензионери, ученици, студенти, самохрани родители

Фото: Влада на РСМ

Антикризните мерки утре ќе се најдат на владина седница и истите се насочени кон најранливите категории граѓани. Предвидено е одреден надомест во наредните неколку месеци да добиваат пензионери, ученици, студенти, самохрани родители…

„Над 400 илјади граѓани ќе бидат опфатени со мерките. За оваа цел ќе бидат искористени средствата од солидарниот данок кои најголемиот дел од компаниите веќе ги уплатија“, информира вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

На почетокот на овој месец Владата го усвои Предлог-законот со кој се обезбедува мерката за финансиска поддршка на граѓаните со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

До крајот на годинава во Буџетот се предвидени 75 милиони евра за антикризни мерки.