Свет Балкан БИХ: Три лица уапсени за воени злосторства

БИХ: Три лица уапсени за воени злосторства

Три лица се уапсени во БИХ под сомневање дека извршиле воени злосторства во текот на 1992 година.

Како што соопшти државната агенција за истрага и заштита (СИПА), на подрачјето на Власинце уапсен е П.М. (роден 1968), поради сомневање дека извршил воено злосторство врз цивилното население во местото Цапарде, во општина Осмаци, во текот на 1992 година.

На подрачјето на Приједор, уапсени се П.Г. (1971) и Г.С. (1965), осомничени за воени злосторства над цивилно население на подрачјето на општина Кључ во текот на 1992 година.

СИПА ги уапси осомничените по наредба на Обвинителството на БИХ, односно Кантонското обвинителство на Инско-санскиот кантон.