Спорт „Би-Би-Си“: Местени тениски натпревари, дури и на „Вимблдон“

„Би-Би-Си“: Местени тениски натпревари, дури и на „Вимблдон“

Британскиот јавен сервис „Би-Би-Си“ денеска објави дека поседува документи кои докажуваат местење на најголемите тениски турнири, вклучувајќи го и „Вимблдон“.

– Во последните 10 години за местење се осомничени 16 тенисери кои биле меѓу 50 најдобри во светот. Сите продолжија со тенисот, а некои од нив се и гренслем-шампиони. Документите што ги добивме покажуваат дека во Русија, Северна Италија и во Сицилија се уплаќале стотина илјади фунти на наместени натпревари, од кои три се одиграни на „Вимблдон“ – наведува „Би-Би-Си“.

Во текстот се наведува дека одлучиле да не ги наведуваат имињата на играчите бидејќи без пристап до нивните сметки, не може да се докаже какво било сомневање, но се знае дека осуммина настапуваат на „Австралија опен“.