fbpx

Украина е подготвена да започне контраофанзива

Данилов потврди дека дел од платеничките сили на Вагнер се повлекуваат од градот Бахмут, но додаде дека се прегрупирале на три локации и дека тоа не значи дека престанале да се борат

-

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Олексиј Данилов изјави дека земјата е подготвена да ја започне долгоочекувана контраофанзива против руската армија. Tој во интервју за Би-би-си, без да прецизира датум рече дека нападот со цел враќање на окупираните територии може да започне „утре, задутре или за една недела“.

Данилов додаде дека украинската влада „нема право на грешка“ бидејќи ова е „историска можност“ што не можат да си дозволат да ја изгубат.

Тој, како секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, е еден од најблиските луѓе на претседателот Володимир Зеленски.

Данилов потврди дека дел од платеничките сили на Вагнер се повлекуваат од градот Бахмут, но додаде дека се прегрупирале на три локации и дека тоа не значи дека престанале да се борат.

Коментирајќи го распоредувањето на руското нуклеарно тактичко оружје во Белорусија, Данилов истакна дека е „апсолутно мирен“ во врска со тоа и дека тоа за него не е некоја вест.

Украина со месеци планира контраофанзива, но сакаше да има што е можно повеќе време за обука на војници и добивање воена опрема од западните сојузници.

Во меѓувреме, руските сили ја подготвуваа својата одбрана.

Многу работи се во залог, со оглед на тоа дека владата во Киев треба да им покаже на Украинците и своите западни сојузници дека може да ги пробие руските линии, да стави крај на воениот судир и да врати дел од својата суверена територија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...