Свет Европа „Би-Би-Си“ ќе отпушти 1.000 вработени

„Би-Би-Си“ ќе отпушти 1.000 вработени

„Би-Би-Си“ денеска најави дека ќе отпушти околу 1.000 вработени заради намалување на буџетот за 150 милиони фунти. Буџетот на британскиот сервис е скратен поради намалениот број луѓе кои плаќаат претплата за телевизија.

Падот на претплатата е последица од тоа што сè поголем број домаќинства гледаат телевизиски програми преку интернет, јавува британскиот јавен сервис.

Поголемиот дел од отпуштањата ќе бидат од менаџментот и од логистичките одделенија.
Со оваа мерка се очекува британскиот јавен сервис да заштеди речиси 50 милиони фунти.

„Би-Би-Си“ има повеќе од 16.672 вработени.