Македонија Бесими: Македонија може да ја изгуби препораката ако не го спроведе Договорот...

Бесими: Македонија може да ја изгуби препораката ако не го спроведе Договорот од Пржино

Македонија може да не добие препорака за почеток на преговори со ЕУ доколку не се спроведе Договорот од Пржино, оцени вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими, во интервју за „Радио Слободна Европа“.

– Доколку не се испочитува политичкиот договор од 2 јуни и доколку нецелосно работиме на исполнување на итните реформски приоритети, може да се случи и да не ја добиеме препораката. Меѓутоа, интерес и на Република Македонија и на Европска унија секако е да се работи на подобрување на климата и на реформскиот ангажман за Македонија и оваа година да има препорака. Значи, во таа насока оди, како што веќе работат и на исполнување на политичкиот договор и во однос на реформите, Македонија чекори кон еден извештај со препорака – рече Бесими.

Вицепремиерот очекува дека во извештајот ќе има еден реален пристап, како што се препораките, така и во извештајот ќе има препораки во кои ќе се адресираат сите области каде што Македонија треба да направи повеќе.