Свет Берлин слави 25 години од падот на Берлинскиот ѕид

Берлин слави 25 години од падот на Берлинскиот ѕид

Берлинскиот ѕид беше изграден во 1961 година со цел да престанат источнаогерманците да бегаат кон Запад

Германија ја почна тридневната прослава за одбележување на 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.

Речиси 7.000 бели балони кои се протегаат од земјата кон 15 километрскиот ѕид беа осветлени во приквечерината на 7 ноември.

Советскиот лидер Михаил Горбачов, чија „перестројка“ и реформи помогнаа да се отвори патот за промени, го поздрави народот на поранешниот граничен премин кај контролниот пункт во Берлин.

Говорејќи во услови на актуелните тензии меѓу Истокот и Западот за време на украинската криза, Горбачов рече:

– Постои едно старо, докажано искуство дека кога Русија и Германија се пријателски настроени една кон друга, Европа е мирна, тие се добри и тоа е подобро за светот.

Прославата ќе заврши со голем фестивал во Берлин на 9 ноември, по повод одбележувањето на точно 25 години откако германските поделби за време на Студената војна беа прекршени на 9 ноември 1989 година.