Економија Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот за 1,5 денара

Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот за 1,5 денара

Фото: Мета.мк

Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ бензините ќе бидат поскапи за половина денар по литар, дизелот ќе поскапи за 1,5 денара, а екстра-лесното масло за домаќинство за 2 денара по литар, во однос на досегашните цени, кои важеа од 1-та минута по полноќ во саботата, 1 октомври.

Од вечерва на полноќ, цените на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 = 86,5 денари/литар
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 = 89 денари/литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) = 92,5 денари/литар
  • Масло за горење Екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) = 89,5 денари/литар
  • Мазут М-1 НС = 50,228 денари/килограм

Од Регулаторна, поскапувањето на горивата го правдаат со зголемувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка:

  • кај бензините во просек за 0,973% или за 8 долари по тон.
  • кај дизелот зголемувањето е во просек за 0,154% или за 1,5 долари по тон
  • кај екстра-лесното масло, зголемување во просек за 0,501% или за 4,6 долари по тон
  • кај мазутот намалување во просек за околу 0,187% или за 1 долар по тон.

Дополнително, како една од причините за поскапувањето се наведува тоа дека курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 63,6424 ден за долар и е за околу 0,36% повисок од курсот на доларот (63,4142 денари за долар) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.