Економија Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста

Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста

(Фото: finance.bigmir)

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83 проценти.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство се зголемуваат за половина денар за литар.

„Еуросупер БС-95“ од вечерва на полноќ ќе се продава за 58,50 денари за литар, „еуросупер БС-98“ за 60,50 денари за литар.

Малопродажната цена на дизелот не се менува, односно останува на исто ниво од 49,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,365 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 02.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,196 денари за килограм.