Економија Бензините поскапуваат за еден денар, а цената на дизелот останува иста

Бензините поскапуваат за еден денар, а цената на дизелот останува иста

(Фото: finance.bigmir)

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 73 денари за литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 75, еуродизел за 63,5, а екстра лесното масло за домаќинство за 63 денари за литар.

Со одлуката  се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 отсто.

Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светските берзи во изминатите седум дена и тоа кај бензинот за 4,142 отсто и кај дизелот за 0,066 отсто, како и за 0,343 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.