Економија Бензините поскапуваат за 1,5 денари за литар

Бензините поскапуваат за 1,5 денари за литар

Покрај бензините, се зголемува цената и на екстра-лесното масло за домаќинство

фото: Мета.мк

Од ноќеска на полноќ се зголемуваат цените на моторните бензини, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).

Од таму информираат дека курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,507 отсто.

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 по зголемувањето ќе изнесува 81,5 денари за литар. Поскапува и Еуросупер БС-98 кој од вечерва ќе чини 83,5 денари за литар.

Покрај бензините, се зголемува цената и на Екстра-лесното масло за домаќинство кое од ноќеска ќе чини 71,5 денари за литар.

Новата цена на мазутот изнесува 42,369 денари за килограм.

Дизелот останува со непроменета цена, односно литар Еуродизел и понатаму чини 72,5 денари.