Економија Бензините поскапуваат, цената на дизелот останува иста

Бензините поскапуваат, цената на дизелот останува иста

(Фото: finance.bigmir)

Цените на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се зголемуваат за половина денар, а дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство остануваат со непроменети цени, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Од полноќ „еуросупер БС-95“ ќе се продава по цена од 67 денари за литар, а „еуросупер БС-98“ по цена од 69 денари за литар.

Зголемувањето на цената на бензините се должи на покачувањето на цената на нафтнените деривати на светските пазари во изминатиот седумдневен период.