Економија Бензините поевтинуваат за два денари

Бензините поевтинуваат за два денари

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари, а цената на дизелот и на екстралесното масло за домаќинство останува непроменета, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 62 денари за еден литар, а на „еуросупер БС-98“ ќе биде 64 денари за литар.

Се намалува и цената на мазутот и ќе изнесува 19,9 денари за еден килограм.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесувала 46,27 долари за еден барел, а курсот на денарот во однос на доларот бил 54,32 денари.