Економија Бензините поевтинуваат за 4,5 денари, дизелот за три денари

Бензините поевтинуваат за 4,5 денари, дизелот за три денари

Цената на бензините од полноќ ќе се намали за 4,5 денари, на дизелот за три денари, а на екстра лесното гориво за 3,5 денари, соопшти претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Билсимовски.

Тој рече дека ова е едно од најголемите намалување на цените на бензините и дизелот од кога постои Регулаторната комисија за енергетика. Појасни дека тоа се должи на намалувањето на цените на берзите на нафта.