Цената на бензините се намалува од денар до денар и пол, а цената на дизелот и eкстра-лесното масло за домаќинство останува непроменета, објави Регулаторна комисија за енергетика.
Бензинот „еуросупер БС-98“ ќе се продава по пониска цена за 1,50 денари, а „еуросупер БС-95“ за еден денар. Така, новата цена на „еуросупер БС-98“ ќе биде 68,50 денари за литар, а на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 66,50 денари за литар.
Новите пониски цени на бензините се должат на намалувањето на цената на бензините на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период.