Свет Европа Белгискиот премиер ги отфрли оставките на двајцата министри

Белгискиот премиер ги отфрли оставките на двајцата министри

Белгиските министри за внатрешни работи и за правосудство денеска поднесоа оставка поради нападите изведени во Брисел, но премиерот Шарл Мишел ги отфрлил, јавуваат белгиските медиуми.

– За време на војна не можете да го напуштите фронтот – им порача премиерот на министерот за внатрешни работи, Јан Јамбон, и на министерот за правосудство, Коен Гинс.

Белгиските власти се најдоа во незгодна ситуација откако Анкара денеска соопшти дека минатата година го протерала назад во Европа Ибрахим ел Бакрау, еден од бомбашите самоубијци, и оти го предупредила Брисел дека тој е екстремист.