Свет Европа Белгија: Приведени уште пет лица

Белгија: Приведени уште пет лица

Белгиските власти денеска соопштија дека уште пет лица се приведени во полициската акција во Белгија.

Со тоа бројот на приведените во неделата, кога во Брисел беше подигнато нивото на безбедност, се искачи на 21.

Главниот осомничен, џихадистот Салах Абдеслам, кој учествувал во терористичкиот напад во Париз, сè уште е во бегство.