Свет Европа Белгија би можела да одобри ноќни антитерористички акции

Белгија би можела да одобри ноќни антитерористички акции

Парламентарната комисија на долниот дом на белгискиот парламент одобри нацрт-закон кој и овозможува на полицијата да изведува контратерористички акции и специјални операции 24 часа дневно, а не само во одредени часови во текот на денот, јавуваат локалните медиуми.

Според актуелниот закон, полиција не смее да врши претрес меѓу 21 и 5 часот.

Нацрт-законот, исто така предвидува и можност за прислушување на осомничени за трговија со оружје, како и формирање единствена база на податоци на белгиските државјани кои се поврзани со терористички организации.

Како што објавува белгискиот сајт „Белга“, нацрт-законот мора да биде одобрен од горниот дом на парламентот за да стапи на сила.

Во бомбашките напади од 22 март на аеродромот и метро-страницата во Брисел загинаа 35 лица.