Свет Европа Бејвик ја тужи Норвешка за повреда на човековите права

Бејвик ја тужи Норвешка за повреда на човековите права

Екстремниот десничар Андрес Брејвик, кој во 2011 година уби 77 лица во Норвешка, денеска пред судот се појави со нацистички поздрав.

Тој ја тужи Норвешка поради повреда на човековите права, односно затоа што речиси пет години го држат во изолација.

Од безбедносни причини, судењето се одвива во затворот „Скиен“, во кој Брејвик ја издржува казната. Бејвик во затворот го држат одвоено од другите затвореници, а неговиот контакт со надворешниот свет строго се надгледува. Него го посетуваат само психолози и полицајци, а електронската пошта строго му се контролира за да не воспостави „екстремистичка мрежа“.

Брејвик е осуден на максимален затвор од 21 година, кој може да се продолжи ако се смета дека претставува опасност за општеството.