Главна секција Бејли не се меша во работата на ДИК, тврди амбасадата на САД

Бејли не се меша во работата на ДИК, тврди амбасадата на САД

Американската амбасада денеска ги демантираше медиумските извештаи дека амбасадорот Џес Бејли се меша во работата на Државната изборна комисија.

„Со загриженост го забележуваме ова неточно известување, кое тврди дека американскиот амбасадор се меша во работата на Државната изборна комисија. Ова не е време за објавување лажни вести или заговори. Амбасадорот на САД не се сретнал со претставници на ДИК, не ја посетил Државната изборна комисија ниту, пак, интервенирал кај некој од членовите на ДИК. САД ги поддржува правата на граѓаните на Република Македонија во демократски процес кој е отворен, транспарентен и одговорен. Ова вклучува и разгледување на жалбите и на приговорите, во согласност со македонските закони“, стои во изјавата на Амбасадата на САД.