Свет Балкан Банките во Грција ќе отворат в понеделник

Банките во Грција ќе отворат в понеделник

Грчките банки по три недели принуден одмор најверојатно ќе отворат в понеделник. Меѓутоа, нема да бидат отворени сите филијали, туку ограничен број од нив, односно само тие што досега беа отворени за пензионерите да може да повлекуваат пари од пензиите.

Дневниот лимит за повлекување пари ќе остане ист како и досега, односно 60 евра, со тоа што најверојатно ќе биде достапна можноста да се повлече одеднаш неделниот лимит.

Специјални услови ќе бидат достапни за компаниите за увоз и за извоз, како и за студентите во странство кои ќе имаат можност да повлечат од Грција 5.000 евра во рок од три месеци.