Економија Банките од утре предвремено ќе ја исплатат јулската пензија

Банките од утре предвремено ќе ја исплатат јулската пензија

Македонската банкарска асоцијација (МБА) информира дека банките се подготвени предвремено да ја извршат исплатата на јулските пензии.

Сите пензионери коишто поседуваат дебитни картички, веќе утре (вторник 28 јули) преку банкоматите и во трговската мрежа ќе располагаат со својата пензија.

„Готовинската исплата на пензиите, за оние пензионери коишто не поседуваат дебитни картички, ќе се спроведе во групи, според следниот распоред во вторник, 28 јули – пензии во висина до 11.000 денари; во среда, 29 јули  – пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари; во четврток, 30 јули  – пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари; во петок, 31 јули –  пензии во висина над 18.000 денари,“ информираат од МБА.

Од таму потсетуваат дека корисниците на банкарски услуги при посета на филијалите и експозитурите треба да носат лична заштитна опрема и да одржуваат соодветна дистанца согласно со насоките и препораките.