Свет Балкан Бангладеш го призна Косово

Бангладеш го призна Косово

Министерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај, преку „Фејсбук“ соопшти дека Бангладеш ја признал независноста на Косово.

„Со години се вршеа напори за ова признавање. Сега имаме 114 признанија“, напиша Хоџај.

Веста за признавањето на Косово ја потврди и Министерството за надворешни работи на Багладеш.