Свет Бан повика на ставање крај на израелско-палестинските судири

Бан повика на ставање крај на израелско-палестинските судири

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, денеска повика на мир за време на својата посета на Ерусалим, каде престојува во обид да стави крај на последниот бран израелско-палестински судири.

– Мојата посета е одраз на чувството на глобална тревога поради опасната ескалација на насилството меѓу Израелците и Палестинците – рече Бан на заедничката прес-конференција со израелскиот претседател Рувен Ривлин.

Тој додаде дека „не е доцна да се избегне подлабока криза“.

Првиот човек на светската организација планира да се сретне со израелските и со палестинските лидери.