Свет Бан Ки-мун шокиран од третманот на бегалците

Бан Ки-мун шокиран од третманот на бегалците

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, изрази шокираност и вознемиреност од третманот кон бегалците и кон мигрантите на границата меѓу Унгарија и Србија.

– Бев шокиран од начинот на кој бегалците и мигрантите се третирани. Тоа е неприфатливо. Сите земји имаат внатрешни проблеми, но станува збор за луѓе кои бегаат од војна и од прогон. Мора да се искаже сожалување – рече генералниот секретар на ОН, додавајќи дека европските и азиските лидери мора да се однесуваат достоинствено со бегалците и да ги почитуваат нивните права.

Унгарската полиција денеска употреби солзавец и водени топови на бегалците кои сакаа да влезат во Унгарија од Србија.