Свет Бан Ки-мун повика на заштита на слободните и независни медиуми

Бан Ки-мун повика на заштита на слободните и независни медиуми

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, денеска изрази загриженост поради сè поголемите рестрикции со кои се соочуваат медиумските работници во многу земји и ги повика владите, политичарите, бизнисмените и граѓаните да се обврзат дека ќе ги чуваат и ќе ги штитат независните и слободните медиуми.

„Ограничувањата на слободите на изразување ставаат окови на самиот напредок“, предупреди Ки-мун во писмената изјава по повод Светскиот ден на слободните медиуми, 3 мај.

Генералниот секретар на ОН предупреди дека новинарите сè почесто се загрозени, малтретирани, попречувани и често убивани за време на потрагата по информации.

„Многумина исчезнаа во детонации, некои во ужасни услови поради расветлување на владини неуспеси, корупција или општествени проблеми“, наведе во изјавата првиот човек на светската организација.