Свет Бан Ки-мун повика на прекин на нуклеарните проби

Бан Ки-мун повика на прекин на нуклеарните проби

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, ги повика САД, Кина и другите нуклеарни сили да го прекинат „лудилото“ со нуклеарни проби, така што ќе ја ратификуваат Спогодбата за забрана на нуклеарни проби, која годинава навршува 20 години.

Со договорот за забрана на нуклеарни проби, кој е ставен на потпишување во септември 1996 години, се забрануваат сите нуклеарни експлозии и досега ја потпишаа 183 лица, а ја ратификувале 164 држави, вклучувајќи ги и Русија, Франција и Британија, три од деветте земји што имаат или за кои се верува дека имаат нуклеарно оружје.

За договорот да стапи на сила, потребно е да го ратификуваат 44 држави со нуклеарна технологија, од кои осум не го направиле тоа. Тоа се САД, Кина, Индија, Пакистан, Северна Кореја, Израел, Иран и Египет.