Свет Бан Ки-мун: Европа мора да им даде шанса на бегалците

Бан Ки-мун: Европа мора да им даде шанса на бегалците

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, ја повика Европа да покаже повеќе солидарност во решавање на мигрантската криза.

– Луѓето кои ги ризикуваат своите животи и животите на своите деца бегајќи од војни, сиромаштија и од недостиг на можности за подобар живот, заслужуваат шанса. Најбогатите европски земји имаат можност на бегалците да им дадат надеж – рече Бан Ки-мун на обраќањето на заседанието на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур.

Тој нагласи дека е неопходно да се заштитат мигрантите кои секојдневно ги ризикуваат своите животи, обидувајќи се да стигнат до европскиот брег и да им обезбеди легален пат.
– Цел не треба да бидат мигрантите туку криумчарите кои ги доведуваат тие луѓе во опасност – истакна Бан Ки-мун.

Генералниот секретар на ОН ја повика Европската унија и сите земји кои се погодени од мигрантската криза да направат повеќе напор за да ја вратат политичката стабилност во Сирија и во Либија, од каде доаѓаат најголем број бегалци.