Видео (ВИДЕО) Бан Ки-Mун ги смеша Австрија и Австралија

(ВИДЕО) Бан Ки-Mун ги смеша Австрија и Австралија

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Mун, за време на посетата на Виена, ги помеша Австрија и Австралија.

– Посебно му благодарам на претседателот Фишер и на владата на Австралија – изјави Бан на конференцијата на ОН посветена на земјите кои не излегуваат на море, која се одржува во главниот град на Австрија.

Генералниот секретар подоцна се поправи себеси и се извини на прес-конференцијата.

– Нема кенгури во Австрија. Понекогаш се случува. Се надевам дека ќе ме разберете – рече Бан Ки-Мун.

Генералниот секретар на ОН во интервјуто за австрискиот весник „Кронен ајтунг“ истакна дека војната против исламската држава не е војна против исламот. Тој соопшти дека е неопходно да се најдат корените на тероризмот и оти ја поддржува меѓународната коалицијаја која се бори против ИСИС.