Свет Бан: Да се утврди одговорноста за нападот на болницата во Јемен

Бан: Да се утврди одговорноста за нападот на болницата во Јемен

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, денеска го осуди бомбардирањето на болницата во Јемен, управувана од организацијата Лекари без граници. Болницата беше погодена за време на воздушниот напад на коалициските сили предводени од Саудиска Арабија.

Портпаролот на генералниот секретар, Стефан Дујарик, соопшти дека Бан побарал брза, ефикасна и непристрасна истрага за да се утврди одговорноста за нападот и ги повикал сите страни инволвирани во јеменскиот конфликтот веднаш да ги прекинат сите операции и воздушни напади.