Свет Бајден победи на изборите за номинација на Демократската партија во Јужна Каролина

Бајден победи на изборите за номинација на Демократската партија во Јужна Каролина

Бајден освои 116.266 гласови, или 96,4 отсто од 120.643 гласови, многу пред неговите двајца главни предизвикувачи, претставникот на Минесота, Дин Филипс и авторката, Маријана Вилијамсон

Џо Бајден / Фото: The White House -Wikimedia Commons

Американскиот претседател Џо Бајден викендов победи на прелиминарните избори на Демократската партија во Јужна Каролина. Ова е првато официјално гласање во трката за номинација на партијата, во кое тој доби предност пред другите кандидати.

Бајден освои 116.266 гласови, или 96,4 отсто од 120.643 гласови, многу пред неговите двајца главни предизвикувачи, претставникот на Минесота, Дин Филипс и авторката, Маријана Вилијамсон.

Гласањето се следеше со внимание, особено поради загриженоста за неговата популарност, особено меѓу афро-американските гласачи.

„Во 2020 година, гласачите на Јужна Каролина беа тие што докажаа дека експертите грешат, дадоа нов живот во нашата кампања и не поставија на патот кон освојување на претседателската функција. Сега луѓето од Јужна Каролина повторно проговорија и не се сомневам дека нè поставивте на патот повторно да ја освоиме претседателската функција повторно да го направите Доналд Трамп губитник“, изјави Бајден.