Македонија Бајден: Партиите во Македонија да ги надминат проблемите

Бајден: Партиите во Македонија да ги надминат проблемите

Партиите во Македонија да ги отворат вратите за интеграција и да ги надминат проблемите, вклучувајќи го и тој за името со Грција. Ова го истакна потпретседателот на САД, Џо Бајден, на вчерашниот самит на лидери од Југоисточна Европа, кој се одржа во Загреб.

– Во Македонија имаше политичка криза што доведе до забавување на реформите. За среќа, новиот политички договор предвидува избори напролет и им дозволува на партиите да ги продолжат неопходните реформи за да се придвижи земјата напред. Се надевам и ги охрабрувам да ги отворат вратите за интеграција и да ги надминат проблемите, вклучувајќи го и тој за името со Грција – истакна Бајден.