Македонија Автопатот Градско – Неготино е затворен

Автопатот Градско – Неготино е затворен

Автопатот А1, односно делницата Градско – Неготино, ќе биде затворена до 18 часот, заради снимањето на францускиот филм „А фонд“, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на возилата се пренасочува по стариот пат.

Заради снимањето на овој филм, затворена беше и скопската обиколница, при што возилата се пренасочуваа да поминуваат низ Скопје.