Хроника Се запалил автомобил во движење во скопската населба Бутел

Се запалил автомобил во движење во скопската населба Бутел

Патничко возило марка „форд куга“ попладнево, околу 18 часот, се запалило на раскрсницата на улиците Александар Урдаревски и Ќемал Сејфула.

Како што соопштија од МВР, возилото, од засега непознати причини, се запалило во движење. Повредени нема, а пожарот е локализиран.

Полицијата работи на расветлување на случајот.